Изгоре познат скопски ресторан

Изгоре познатиот ресторан „Лајт клуб“ кој се наоѓа на во центарот на Скопје во близина на Автомото сојузот на Македонија. Пожарот избувнал рано утринава повредени лица нема, но е причинета материјална штета.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во СВР Скопје во 04:33 часот е пријавено дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ избувнал пожар во угостителски објект.

– Денеска (13.03.) во 04.33 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ настанал пожар во угостителски објект, при што опожарени биле внатрешноста на објектот и кровна конструкција. Повредени лица нема. На местото на настанот се излезени полициски службеници и Бригадата за противпожарна заштита, информираат од МВР.

Во гаснењето на пожарот интервенирале девет пожарникари и четири возила.

Претходна вестЗошто Пендаровски не го прошири барањето за извинување од Бугарија?
Следна вестПропадна уште една голема банка во САД