Темен режим Режим на светлина

Изгореа помошни простории од викенд куќа, пожар кај Раштак и Страчинци

Голем пожар кај Струга: Армијата се вклучи во гаснењето од воздух Голем пожар кај Струга: Армијата се вклучи во гаснењето од воздух

Пожар во атарот на селата Раштак и Страчинци вчера зафатил дел од викенд куќа и неколку помошни објекти, информира Министерството за внатрешни работи.

– Вчера околу 15 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје е пријавено дека гори сува трева и нискостеблеста шума кај селата Раштак и Страчинци. Пожарот зафатил помошна просторија од викенд куќата, пет помошни простории за чување живина, алат и други предмети, сопственост на Н.М., 51-годишно лице од Скопје – се вели во соопштението.

Пожарот бил целосно изгаснат од екипа на скопската Бригада за противпожарна заштита и нема повредени лица.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Повеќемина повредени во тешка несреќа на патот Мавровска крстосница – Гостивар, сообраќајот пренасочен

Следна објава

Десетици загинати во големи нереди во Непал, има големи протести откако Владата ги забрани социјалните мрежи