Излетувањето од патот во село Миладиновци кобно за 17-годишно девојче

Трагична сообраќајка кај село Миладиновци. Имено, излетувањето од патот на возилото во кое била сопатник, ноќеска било кобно за 17-годишна девојка од Куманово, која го изгубила животот.

Во синоќешната несреќа што се случила на крстосницата од ул. 2 и ул. 10 во село Миладиновци и локален пат за с. Бујковци, кај железничката пруга повредени биле и возачот Н.С. (20) и уште една сопатничка Т.П. (19) од Куманово. Повредените лица веднаш биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Истражните органи до сега не излегле со соопштението за причините за излетувањето на возилото од коловозот. Се очекува тоа да се дознае по анализата на увидот кој беше направен од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.