Излетувањето од патот кај Подмочани кобно за ресенчанец

На 10.06.2023 во 04.05 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на регионалниот пат Макази – Маркова Нога, пред село Подмочани, автомобил „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(45) од Ресен, излетало од патот.

Од здобиените повреди на местото починал возачот А.Р., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид извршиле екипа од Полициската станица Ресен и јавен обвинител.

Претходна вестВладата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево
Следна вестЈовев: Не ми понудиле да бидам министер за здравство, но ако ми понудат би прифатил