Изложба на Ладислав Цветковски во Кинотека

Вечерва во 19 часот се отвора изложбата на дел од дизајни што уметникот Ладислав Цветковски ги изработил за потребите на Кинотеката, во нејзината галерија. Со ова се одбележуваат и 28 години од соработката на уметникот со оваа институција.

Графичкиот дизајнер и визуелен уметник Цветковски, кој е и универзитетски професор, изработил дизајнерски решенија за повеќе од 150 печатени изданија на Кинотеката: плакати, филмски програми, брошури, каталози, други периодични изданија, книги, ДВД-изданија.