Изложба „На работ/ On the Edge“ се отвора на деннот на виното

„На работ/ On the Edge“ е насловот на првата изложба од изложната сезона во скопската галерија „Акантус“ која стартува во петок, 14 февруари. Автори се Доротеј Нешовски, Илија Прокопиев, Ива Станковска и Ана Трајковска. Изложбата се отвора во 20 часот.

-Во светот на уметноста потребни се нови интриги и нови прашања. Тие можат да го појаснат ставот на уметникот, a ќе допринесат и за разбирање и уживање во уметноста. Ако интелектуалниот пристап на гледање и поимање, носи страв и непознаници, притоа барајќи едукативна подготвеност, така емотивниот контакт и чувства со уметничкото дело е уште позахтевен, пишува кураторката Дијана Томиќ Радевска.