Изложбата „Моменти“ на Владимир Арсовски вечерва во „Галерија Рудиќ“

Во 20 часот вечерва ќе биде отоврена фотографска излозжба „Моменти“ на Владимир Арсовски од Фотосоојузот на Македонија, во „Галерија Рудиќ“. На неа ќе бидат претставени 22 фотографии со голем формат испечатени на канвас.
-Од мугрите (кога се раѓа не само денот и виделината, туку и самото постоење), преку различните делови од денот (сончеви или тмурни, пријатни или поларно студени, како асиметрични периоди на искуствата), сè до квечерините и длабоките ноќи (во кои чунот, животот, е единствената светлина) се движи, тече, расказот за животот. Според овој расказ, невообичаено, животот не се воспева само како убавина, туку и како постојана борба со ретки мигови на спокој и задоволство, бидејќи животот е непредвидлив и, пред сè, незапирлив времетек, вели рецензентот Небојша Вилиќ.