Изложбата „Приватни демони“ од утре во МКЦ

Утре, четврток, во Младинскиот културен центар се отвора изложбата на фотографии на Маја Јаневска – Илиева и Велимир Жерновски, насловена како „Приватни демони“.
Станува збор за интересна идеја чија цел е да се претстават работите во реалниот и во иделаниот сегмент. Односно „Приватни демони“, се состои од диптиси, серија од две фотографии снимени на иста локација, но на различна светлинска изложеност. Првата е преку ден, на сончева светлина, и го претставува сегментот од јавниот простор во неговата реална состојба. На втората фотографија, во друг светлински третман – ноќе, истиот простор станува приватен и личен, кога уметникот Велимир Жерновски мракот го користи како платно за цртање на неговите фантастични форми.
Изложбата ќе биде отворена секој ден од утре до недела од 12 часот напладне до полноќ.