Измамник излажал три лица и им земал 159.000 денари

Три лица на возраст од 23, 30 и 36 години биле излажани од измамник кој им земал вкупно 159.000 денари.

– На 22.12.2022 во СВР Битола, три лица од демирхисарско на возраст од 30, 23 и 36 години пријавиле дека биле измамени од В.М. од с.Горно Оризари, битолско, за суми од 118.000 денари, 20.000 денари и 21.000 денари, информира МВР.

Според пријавеното, во периодот од јули 2021 година до пријавувањето, лицето им ветувало дека ќе им посредува во извршување на различни услуги и за тоа од нив барал надомест.

Како што е пријавено, тие му ги дале парите, но услугите не биле завршени и лицето не им се јавувало на повиците. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестМлад работник тешко повреден во фабрика во Гази Баба
Следна вестОсуденик нападнал полицаец во затвор Идризово