Изменет сообраќаен режим на експресниот пат Штип – Кочани на 21 мај, среда

336

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 21.05.2025 (среда), во периодот од 09 до 12 часот заради изведување на технички активности ќе биде пренасочен сообраќајот на експресниот пат А3 Штип – Кочани од клучка Крупиште до клучка Кочани.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе го пренасочува сообраќајот во тој период на стариот пат Штип – Кочани.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за изменетиот режим режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Претходна вестТешко повреден мотоциклист од Скопје по сообраќајна незгода со возило
Следна вестСДСМ: Синдикалната кошница поскапа за 1.217 денари, дебакл на политиките на власта