Изменет сообраќаен режим во центарот на Скопје

Поради изведување градежни работи денеска и утре ќе има изменет сообраќаен режим во Скопје, односно за сообраќај ќе биде затворена улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Како што информираат од МВР, оваа улица денеска ќе биде затворена од 08:00 часот до завршување на градежните работи, а утре во периодот од 07:00 до 19:00 часот.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници

Претходна вестМакедонскиот тенисер Калин Ивановски се пласираше во полуфиналето на турнирот во Франција
Следна вестКовачевски во Охрид го пречека косовскиот премиер Курти