Темно Режим Светло Режим

Израел изрази сочувство три дена по смртта на папата Франциск

Израелската влада синоќа изрази сочувство за смртта на папата Франциско, три дена откако почина 88-годишниот поглавар на Католичката црква.

-Државата Израел изразува најдлабоко сочувство до Католичката црква и католичката заедница во светот поради смртта на папата Франциско, објави канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Односите меѓу Израел и Светата столица значително се влошија од почетокот на израелската офанзива врз Газа. Папата Франциско честопати ги критикуваше постапките на Израел во палестинската енклава, каде што живеат околу илјада христијани.

Израелската влада претходно изрази сочувство за смртта на Франциско во понеделникот, но ја избриша објавата по неколку часа.

За разлика од другите земји кои ќе бидат претставени од највисоките функционери на погребот на папата в сабота, Израел испраќа само амбасадор, објави „Тајмс оф Израел“.

Претходниот Пост
Вонредно слетување на лет од Скопје поради здравствен проблем на патник

Од следната недела „Визер“ ќе лета од Скопје за Лион и Барселона

Следниот Пост
Планирани исклучувања на струја во Центар, Бутел и Карпош

Делови од Ѓорче и Сопиште денеска без струја со часови