Изречени 38 казни за „дивеење“ по скопските улици

172 мерки се изречени во текот на вчерашниот ден при сообраќајна контрола на улиците низ Скопје. Најмногу казни се изречени на возачи кои ја пречекориле дозволената брзина но и оние кои возеле без возачка дозвола.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно сто седумдесет и две мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина триесет и осум санкции, четиринаесет мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест мерки за некористење сигурносен појас…, се вели во известувањето од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од полицијата апелираат возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи се со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Претходна вестУкраден дел од споменикот на Орце Николов во Градскиот парк во Скопје
Следна вестЏабе власта замрзнува цени кога не дере за регистарските таблички