Изваденото „Поло“ од водите на Вардар е на болницата „Систина“, најверојатно имало обид за кражба

Возилото „Поло“ кое утринава заврши во водите на Вардар е во сопственост на болницата „Аџибадсем Систина“. Најверојатно било предмет на неуспешна кражба. Ова денеска го соопшти командантот на скопската Противпожарна бригада Владимир Симоновски откако возилото беше извлечено од реката.

Пожарникарите и нуркачките екипи на МВР за кусо време со сајли го извадија возилото кое го забележале граѓани во речното корито. Откако беше извадено утврдено е дека во возилото немало никој.

– Најверојатно се работело за обид за кражба од паркингот на болницата кој е во близина, изјави Симоновски.

За потсетување: паднатото возило, утрово беше забележано од водите на Вардар во близина на мостот кај болницата „Систина“ во скопскиот Карпош. Целиот настан преку Фејсбук го пренесуваат случајни минувачи кои се движеле по кејот на Вардар.