Македонија го дочека и ислуша најновиот годишен извештај на европратеникот Томас Вајц за нашиот напредок. Секако, веднаш ни беше кажано дека мора да се угоди на сите што ќе побараат смена на устав или нешто слично – такви биле правилата. Ама, за изненадување, прв пат погласно се прозборе и за тоа дека во ЕУ стануваат свесни дека граѓаните во Македонија се веќе „уморни и исцрпени” од ваквата евроинтеграцијата.
И не само тоа, за изненадување е што конечно во извештајот се споменува дека одговорноста за застојот во процесот е и во Брисел.
Добро е понекогаш да добиваме од ЕУ и ваква искреност.
Но, што по таквата искреност ќе направи Брисел? Пак ли ќе ни повтори дека мора да смениме устав, а потоа успатно и ќе ни набројат неколку потребни реформи?
Останува Брисел да објасни на нас уморните македонски граѓани, зошто за Македонија секогаш се нуди некаков „отворен прозорец на можности”. Зошто не се отвори вратата преку која се влегува според одамна поставените европски стандарди, мерит-систем и реформи, а не скришум и по диктат на кого што ќе му текне?
Можеби во следниот годишен извештај тоа и ќе се напише. Македонија треба да почека.


