Извлечени се паровите за Купот на Македонија во ракомет

Во просториите на РФМ беше извршена ждрепката за првата фаза од Купот на Македонија, фаза по која ќе добиеме четири групи по четири екипи.

Ждрепката беше полудиригирана и затоа имаме битки на суперлигаши против прволигаши, па така бранителот на овој трофеј Вардар ќе се соочи со Мулти Есенс, додека пак Еурофарм Пелистер за ривал ќе го има Текстилец.

Натпреварите ќе се одиграат на 10/11 декември, а паровите се следни:

Вардар Неготино – Партизан Гевгелија
Тиквеш – Кичево
Јуниор КВ – Драчево
Алкалоид – Астраион
Голден Арт – Овче Поле
Аеродром – Пролет
Младост Богданци – Охрид
Скопје – Бисинов
Радовиш – Преспа
Вардар – Мулти Есенс
Еурофарм Пелистер – Текстилец
Јехона – Бутел Скопје
Струга – Македонија Ѓорче Петров
Еурофарм Пелистер 2 – Шампион
Куманово – Голден Арт 2
Прилеп – Металург РА

Претходна вестНаместо пари Данела им пратила инспектори на „Слобода превоз“
Следна вестКакви ли 3 желби ќе му исполни: Фатил златна рипка од 30 килограми