Ја истепал својата девојка, а потоа добил ќотек од нејзината мајка

Скопјанец си ја истепал девојката, по што добил ќотек од нејзината мајка. Тепачката се случила во скопската населба Чаир за време на викендот.

Во Полициската станица Чаир, во неделата во 17.50 часот, 26-годишна скопјанка пријавила дека околу 13 часот на паркинг на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, нејзиното момче В.Т.(36) од Скопје ја нападнало.
„В.Т. подоцна пријавил дека околу 13.30 часот на паркинг на подрачје на Чаир бил физички нападнат од У.С., мајка на неговата девојка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.
Полицијата по документирање на случајот ќе поднесе пријави. Инаку, во Скопје последниве месеци имаше повеќе женски тепачки.
Претходна вестМилановиќ одби учество на хрватски војници во мисијата на ЕУ за помош на Украина
Следна вестМалолетници се тепаа кај Железничка во Скопје