Со тешки телесни повреди синоќа се здобила 18-годишна прилепчанка откако била удрена од моторот во Прилеп, информира МВР.
Во соопштението се наведува дека несреќата се случила вчера околу 18.10 часот на ул.„Димо Наредникот“ во Прилеп.
-Мопед управуван од засега непознат возач удрил во пешакот А.А.(18) од Прилеп и го напуштил местото. Од ударот А.А. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Прилеп. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп, се наведува во информацијата.