Ја снимал 15 годишната девојка додека имале сексуален однос, кога сакала да му раскине и се заканувал

Ја снимал девојката без нејзино знаење за време на сексуален однос, а кога сакала да му раскине, ја уценувал со видеото.

На 12.03.2025 во 20.00 часот во СВР Скопје, 50-годишен маж од Скопје пријавил дека неговата 15 – годишна ќерка подолго од една година била во врска со лицето Ј.Н., кој без нејзино знаење снимил видео материјал од нивен полов однос.

-Според пријавеното, откако таа го известила дека сака да ја прекине врската, лицето ѝ упатувало закани и ја уценувало да не ја прекинува врската доколку сака видеото да не го објави на социјални мрежи, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестМисајловски: Сега сме еднакви во НАТО, но не смееме да заборавиме дека како држава дадовме многу
Следна вестПуцко Петрол: Категорично отфрламе било каква вмешаност со набавката на мазут