Јакимовски со својот тим Вашингтон Стејт доби победа но загуби заб

Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски постигна одлични резултати со својот клуб Вашингтон Стејт Универзитет во мечот против Универзитетот Калифорнија кој се одигра вчера, а во кој неговиот тим имаше убедливо водство со резултат од 69:52. Тој за нецели 30 минути на теренот успеа да даде 10 поени но и да загуби еден заб.

Ова е втора година како тимот на Јакимовски го елиминира истиот ривал уште во првата рунда од конференцискиот плеј-оф.

Инаку, Македонецот одигра 29 минути на теренот, за тоа време успеа да постигне 10 поени и четири скока. Покрај добрата игра се случил и несреќен случај во кој Јакимовски го загуби предниот заб по што морала да интервенира и медицинска екипа.

Ова е првпат од јануари 1983 година Вашингтон Стејт да победи седум натпревари по ред против ривали од својата конференција.

Претходна вестКостовски и Арсовска во нов клинч околу новата улица и маркички за згради во Бутел
Следна вестПожар во фабрика за марихуана во кавадаречко, го гаселе 25 пожарникари