Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во интервју за Прва скопска ТВ, одговори на прашањата, кои ги интересираат скопјани, но и пред се, граѓаните на општина Карпош.
Јакимовски одговори и на коментарите дека во Карпош многу се гради.
-Во Карпош се гради само еден колективен објект, тоа е кај бензинската на Макпетрол, во Карпош 3 и се градат во цел Карпош, 62 индивидуални градби и ништо повеќе од тоа. Тој што вели дека во Карпош многу се гради, нека провери дали во моментот се градат помалку од 50 колективни згради во Општина Аеродром и сигурно повеќе од толку, во Општина Центар, кажа Јакимовски, чија што изјава може да ја погледнете во продолжение.
Целото интервју со градоначалникот на општина Карпош, може да го проследите во продолжение или на Јутјуб каналот Прва скопска ТВ.