Јакото сонце и нежните градоначалници

Се растрчаа деновиве градоначалниците низ своите општини, не им пречи врелото сонце. Обично тие се понежни и посклони на канцелариската сенка, ама сега како се доближуваат избори, така решаваат да бидат „поцврсти работници“. Почнуваат летна градежна офанзива: најавуваат 11 локации определени од Градот Скопје, во општина Центар почнува обнова на седум улици, во Аеродром се обновуваат детските и спортските игралишта, во Битола ќе се правел ски-центар на Пелистер, во Велес се инвестира во ЈКП „Дервен“, се најавуваат асфалтирања, канализации…

Просто човек да посака избори секоја година. Како сите да се станати на нозе, мобилизирани со алат и градежни машини ќе градат за потребите на граѓаните, ќе исполнуваат на она што им било ветено дека ќе се направи.

Македонските градоначалници како да процениле дека за конечниот впечаток околу нивниот учинок е најважно она што го прават неколку месеци пред изборите. Веројатно мислат дека граѓаните нема да се сетат дека во изминативе 3,5 години слабо и ретко имало вакви и слични „офанзиви“.

Колкумина од граѓаните паметат, а колкумина не, ќе се види наскоро на изборите.

Претходна вестУтрово силен земјотрес во Грција
Следна вестНедостасуваат вистински политичари кои ќе имаат достоинство и самопочит