Јана Белчева: Уставниот суд не препозна како се нарушуваат основните права на граѓаните во Центар

Поранешната претседателка, а сега само советник во Советот на општина Центар Јана Белчева смета дека уставните судии со укинувањето на „мораториумот“ за градба донеле погрешна олдука.

Што ќе направи општина Центар по ваквата одлука на Уставниот суд?

За можност за нова одлука нема простор. Како понатаму, нека помогнат правниците. Да се потсетиме дека Градоначалникот на Општина Центар со задолжение од Советот на средина на декември 2020 требаше да започне постапка за суспензија на нелегалните урбанистички планови, што значи дека до Министерство за транспорт и врски ќе ги поднесе веќе изготвените стручни наоди за утврдените прекршувања. Но, додека Центар го “караше” Министсерство за транспорт дека не пропишало форма, а Министерството за транспорт ја “продолжуваше комуникацијата”, одлука за суспензија се донесе. Вчера двајца охриѓани и Уставен суд му пресудија на Центар и им помогнаа на “милијардерите” да не осиромашат. Пред очи на сите институции кои ги знаат прекршувањата и замижуваат, и на сите граѓани кои бараа и очекуваа промени, се’ се врати на моментот од каде тргнавме во 2017.

Многу пати од декември 2017 зборував зошто лоши у незаконски ДУП-ови мора да се запрат со извршување и каква штета ќе направат по нашиот живот во градот. Многумина чесни, прогресивни, свесни и умни граѓани разбраа и дадоа поддршка на оваа одлука на Центар. За жал, Уставниот суд не препозна како се нарушуваат основните и уставно загарантираните права на граѓаните, хуманизација на просторот и заштита на животната средина и природата како темелна уставна вредност и дозволи да се применува незаконитото и штетното.

Мораториумот беше инструмент кој на долг рок ќе покажеше вредност за заедницата, наспроти материјалната вредност на малкумина на краток рок. Правната држава значи институции во интерес и заштита на правото, со одлуки за чист воздух, за одржлив развој, за јавен интерес, за безбедност, за спокоен и хуман живот.

Што понатаму?

-Борбата за град по мерка на човекот ќе запре кога веќе нема да има кој да се бори за градот. Запирање на штетните решенија од урбанистичките планови имаше и има поддршката од прогресивните и оние кои овој град и оваа земја ја чувствуваат за своја и сакаат да ја сочуваат за нивните деца.

Што значи тоа, дали сега ќе се постапува по тие ДУП-ови?

-Сите оние ДУП-ови кои беа под мораториум, а не се заменија со нови, сега ќе може да се реализираат.

Каков е статусот на осумте ДУП-ови кои се веќе ревидирани од страна на општина Центар?

-Донесените планови ги замениле оние од 2012, па со тоа новите се во сила, а не претходните кои беа ревидирани. Оние кои не се заменети со нови ќе се вратат на претходните.

Претходна вестСо осмата еврообврзница ќе се затвора долгот од третата и буџетските дупки
Следна вестКосовскиот државјанин не пукал во синот на екс – поглаварот на ИВЗ, пуштен е од притвор