Јани Атанасов е нов фудбалер на Краковија

Македонскиот фудбалер Јани Атанасов (23) и официјално е нов фудбалер на полскиот клуб Краковија. Атанасов кој до сега играше за хрватската екипа Хајдук Сплит, со Полјаците потпиша договор на три ипол години.

Започна во редовите на Академија Пандев, а потоа во јуни 2018 година се пресели во Турција бранејќи ги боите на Бурсаспор. Во најсилниот хрватски шампионат запиша два голови во 11 натпревари, а исто така до сега има четири настапи за македонската А репрезентација.

Моментно во најквалитетната полска лига („Екстракласа“) Краковија по 17 одиграни кола е на осмото место со 25 бодови, 16 помалку од водечкиот Раков Ченстохова.

Претходна вестУапсен дилер во Скопје, кај него пронајден хероин
Следна вестВо Пелагонија откриена најстарата неолитска населба во Македонија