Јас и Пендаровски исти телевизии гледаме

Ле, ле… луѓе давајте совет, како вие издржувате да гледате вести, а да не смените програм. Неиздржливо е оваквото ТВ новинарење у 90% од телевизиите. Еве и Пендаровски кажа дека би ја сменил дури и државата ако не е претседател. Сигурен сум му пукнала нерва и на него од вестите. Каде и да вклучи, кој и канал да го одбере, себе се гледа како нешто попува и клима со главата. Па дури и за него тоа е премногу. Ја го разбирам шо сака да побегне. Е, а мислете ли како ми е мене?

Затоа давајте совет, шо да правам, како да издржам… Македонија не сакам да ја сменам и напуштам, а вести морам да гледам прибидејќи тоа ми е работа.

Туку, ај ќе бидам искрен, деновиве малку побегнав со даљинското по други телевизии од соседството, колку душа да земам. Да одморам. Ама и таму го даваа Пендаровски како кажува дека би ја напуштил Македонија. Додуша таму му се потсмеваа на изјавата, ама мене тоа не ми смени впечаток дека тешко наоѓам спас од нашите „бисер“ политичари и уредници.

Затоа, давајте бргу совет, како вие издржувате?