Јавашлук: дрвца насадија, но никој не ги наводнува

Секогаш сe одушевувам на секоја акција која е правземат градоначалниците со помош на владата и потоа повторно за истата да ме разочарат. Годинава се направи акција за садење на дрвца низ градот, се знаеше кој ја изведе, ама никој не постави обврска за нивно одржување, односно поливање во сушниот период. Па еве две недели како не пратат големи температури, дрвцата почнааа да се сушат и не видовме некој да ги полива и да се спасат од сушење.

Ова се повторува секоја година. Реклами, фалби колку сакаш, а завршница нема. Џабе фрлени пари на граѓаните. Ако нема услови за поливање во текот на три наредни години, нема потреба и да се садат дрвца, кога се оди во штета и на природата и на граѓаните. Овој јавашлук треба да се искорени. Земајте и обврски како одговорни луѓе сите вие на кои им е доверен градот.

Низ зелените површини поминуваат луѓе од Паркови и зеленило, но никој не е згрижен за штетата што се прави. Тоа не смее да се случува.

Панче Каев

Почитувани,
Преку рубриката „СКОПЈЕ КОМЕНТИРА” можете да испратите пораки до скопските градоначалници или други функционери за се она што мислите дека треба да го поправат, доправат, направат, исчистат… или пак да ги пофалите за нешто добро сработено. Сите ваши фотографии и краток коментар може да ни ги испратите на е­маил: skopskoeho @yahoo.com.Во зависност од просторот и соодветноста на пораките Редакцијата на „СКОПСКО ЕХО” поголемиот дел од нив ќе ги објави во весникот, а сите на порталот skopskoeho.mk.