Во текот на претстојниот викенд, 23 и 24 април, јавниот превоз ќе сообраќа до 20 часот, соопштија денеска од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.
Режимот на јавен превоз е согласно одлуката на Влада, за продолжување на забраната на движење на населението во период од 20 до 5 часот.
Сите билетарници и центри за персонализација утре ќе работат од 7 до 18.30 часот.Во недела, центрите за персонализација нема да работат, а дежурни ќе бидат три билетарници. Од 7 до 18.30 часот, отворени ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар, а билетарницата во Ѓорче Петров ќе работи до 13 часот.
Од ЈСП Скопје информираат дека распоредот со последните термини на поаѓање на градските и приградските линии пред 20 часот, е достапен нивната веб-страница.