Темен режим Режим на светлина

ЈКП Комуналец – Прилеп: Исчистен е Спортско-рекреативниот комплекс „Езеро“, апел до граѓаните да ја чуваат природата

ЈКП Комуналец – Прилеп: Исчистен е Спортско-рекреативниот комплекс „Езеро“, апел до граѓаните да ја чуваат природата ЈКП Комуналец – Прилеп: Исчистен е Спортско-рекреативниот комплекс „Езеро“, апел до граѓаните да ја чуваат природата

Спортско-рекреативниот комплекс „Езеро“ во Прилеп и неговата поширока околина се темелно и целосно исчистени и подготвени да ги пречекаат прилепчани за претстојниот сончев викенд, информираат од ЈКП Комуналец – Прилеп.

Од јавното претпријатие посочуваат дека на терен е поставена целосна комунална инфраструктура – контејнери на паркингот и покрај асфалтниот пат, како и канти за ситен отпад на повеќе локации, со цел посетителите лесно да можат да го одложат отпадот.

Сепак, од претпријатието укажуваат дека и покрај обезбедените услови, кај дел од граѓаните сè уште недостасува доволна свест за одговорно однесување кон природата и животната средина.

„По убавата дружба отпадот може да се собере и да се одложи во контејнерите, а за ситен отпад и отпушоци да се користат поставените корпи за отпадоци“, апелираат од ЈКП Комуналец – Прилеп.

Оттаму додаваат дека очекуваат убавото време да биде повод за пријатен престој во природата, но и за поголема грижа за чистотата на околината.

„Чисто е убаво“, порачуваат од претпријатието, повикувајќи ги граѓаните заеднички да придонесат за почиста и поубава животна средина.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Блок-трансакција со Алкалоид од 23,94 милиони денари ја обележа неделата – најголеми падови кај Шпаркасе и ТТК Банка

Блок-трансакција со Алкалоид од 23,94 милиони денари ја обележа неделата – најголеми падови кај Шпаркасе и ТТК Банка

Следна објава
Проданоски: Првите 100 дена поставија темели за развој на Прилеп

Проданоски на средби со жени од различни професии по повод Меѓународниот ден на жената