Еден од најдобрите кошаркари во светот – Никола Јокиќ, е еден и од спортските херои на Србија. Особено годинава кога ја освои НБА титулата и беше прогласен за најдобар играч на финалето тој во неговата родна земја беше славен како Бог. Но…
Пред некој ден излезе информација дека Јокиќ ја соопштил одлуката да не игра за репрезентацијата на Србија на Светското првенство. Огромно разочарување одекна во Србија.
Одлука предизвика лавина коментари на социјалните мрежи. Граѓаните на Србија се целосно разочарани од ваквиот развој на ситуацијата, бидејќи очигледно очекувале поинаква одлука од него и ошекувале повеќе патриотизам и љубов кон својата земја каде и учеше и стана кошаркар.
-А вие момци станувате во четири наутро за да го гледате и да го бодрите.
–Човекот има обврски на хиподром.
–Оди мајсторе, играј за Американците. Земи ги коњите со себе, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Инаку, во српските медиуми имаше објаснувања дека повеќе кошаркари (меѓу кои и некои кои играат во НБА) го убедувале високиот центар да ја смени одлуката, но не успеале во тоа.
Деновиве по социјалните мрежи се ширеа видеа на кои се гледа Јокиќ како се забавува во кафеани качен на столчиња, како следи трки на своите коњи…