Темен режим Режим на светлина

Јокиќ продолжува да гази, запиша нов трипл-дабл

Денвер „експлодира“ со 157 поени, Портланд декласиран Денвер „експлодира“ со 157 поени, Портланд декласиран

Првата победа за екипата на Денвер во новата сезона во НБА беше „заверена“ со нов „трипл-дабл“ на нивниот прв играч Никола Јокиќ. Српскиот кошаркар натпреварот го заврши со 14 поени, 14 скокови и 15 асистенции, а на теренот беше 32 минути. Тој имаше и најмногу украдени топки – 3 и најмногу загубени топки-5 во својата екипа.

Ова беше негов втор „трипл-дабл“ на двата први натпревара.

Одлична помош Јокиќ имаше и во соиграчите бидејќи двоцифрен број поени постигнаа уште: Кем Џонсон 15 поени, Ерон Гордон 17, Кристијан Браун 20 и Џамал Мареј 23.

Резултати: Орландо – Чикаго 98:110, Атланта – Оклахома Сити 100:117, Филаделфија – Шарлот 125:121 и Мемфис – Индијана 128:103.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Што ќе биде пресудно за победа во Центар и Карпош?

Следна објава

Украина потврди: Најмалку тројца загинати и 29 повредени во руски напад со беспилотни летала врз Киев