Јокиќ урна рекорд стар 55 години

Играчите на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ и Џамал Мареј, влегоа во историјата на НБА и покрај тоа што нивниот тим загуби во Сан Антонио 128:120. Јокиќ на овој меч го оствари 26. трипл-дабл во сезоната 37 поени, 11 скока и 11 асистенции. Нагетс прв пат губат сезонава кога Јокиќ има трип-дабл учинок.

Со нов двоцифрен број на успешни додавања за кошот, тој го мина Вилт Чембрлен по бројот на натпревари со 10 или повеќе асистенции во сезона кога се центрите во прашање.

Џамал Мареј постигна два тројки од осум обиди и стана најдобриот „тројкаш“ во исоријата на франшизата од Колорадо.

Резултати:

Филаделфија – Портланд 120:119
Вашингтон – Атланта 107:114
Мајами – Кливленд 119:115
Минесота – Бруклин 123:124
Сан Антонио – Денвер 128:120
Лос Анџелес Лејкерс – Торонто 122:112

Претходна вестИгор кој боледува од цистична фиброза: Јас не го добив лекот иако е тука, на клиниките
Следна вестИграч на Пелистер е МВП на колото во АБА 2 лигата