ЈП „Водовод и канализација“: Скопјани пијат исправна вода

Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробилошки исправна, соопшти Јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Ова го покажале анализите направени од 19 до 23 декември.

– Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, направени од 19 до 23 декември 2022 година, сите анализирани примероци одговраат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. За анализа биле земени 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 49 мерни места во Град Скопје, се вели во објавата на ова јавно претпријатие.

Претходна вестКосово му забрани на српскиот патријарх да дојде во Пеќката патријаршија во пресрет на Божик
Следна вестЈирген Клоп сака да го донесе Елмас во Ливерпул