ЈСП „Скопје“ бесплатно ќе вози за „Бела ноќ“

ЈСП Скопје и годинава ќе овозможи бесплатен јавен превоз по повод одржувањето на традиционалната културна манифестација „Бела ноќ 2022“, соопшти денеска ова градскојавно претпријатие.

Право на бесплатен превоз ќе имаат сите граѓани во период од 18 часот во сабота (1.10.2022 год) до 05 часот во недела (2.10.2022 год).

-Потсетуваме дека во функција се и ноќните линии, а возниот ред е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје (www.jsp.som.mk), наведуваат од претпријатието.

Претходна вестПешаците вчера дома однеле и 28 казни од полицијата
Следна вестЗарем и за енергетската криза власта и опозицијата нема да седнат на една маса?