Поради ниските температури и најавите за можни снежни врнежи во наредниот период, постои можност за привремени измени во сообраќањето на дел од автобуски линии во Скопје. Од ЈСП Скопје информираат дека мерките ќе зависат од состојбата на патната инфраструктура и безбедносните услови на терен.
Од претпријатието појаснуваат дека, доколку одредени сообраќајници станат непроодни, дел од автобусите ќе сообраќаат по скратени релации, односно само до точки кои ќе бидат проценети како безбедни и достапни за сообраќај.
Во случај на дополнително влошување на временските услови и отсуство на безбедни услови за сообраќај, можни се и нови корекции на автобускиот режим. Како што наведуваат од ЈСП Скопје, јавноста ќе биде навремено информирана за сите евентуални промени.
Доколку временските услови се стабилни, јавниот превоз ќе функционира согласно редуцираниот делничен зимски возен ред, кој ќе важи до завршувањето на зимскиот училиштен распуст.
Во меѓувреме, екипите на ЈСП Скопје, во координација со службите на Град Скопје и општините, ќе бидат постојано ангажирани на терен со соодветна механизација. Целта е навремено расчистување и превентивно делување, со што би се овозможило што побезбедно и понепречено одвивање на јавниот превоз и сообраќајот во целина.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



