ЈСП „Скопје“: Платите ќе се зголемат, најавениот протест е политички мотивиран

Барањето за поголеми плати во претпријатието е веќе прифатено а најавата за протест е неприфатлива и политички мотивирана, соопшти денеска најголемиот градски автобуски превозник ЈСП „Скопје“. Денешното соопштение доаѓа по најавата од страна на Независниот синдикат во ова претпријатие дека тие ќе организираат тридневен едночасовен протест.

– Од среда ќе започне протест поради ниските плати и тешките услови за работа на возачите. Протестот ќе се реализира на 15, 16 и 17 јуни во период од 11 до 12 часот пред дирекцијата на ЈСП „Скопје”. Во тој период градскиот превоз нема да се одржува, соопшти Независниот синдикат.

Од Управата денеска информриаат дека ваквиот вид политички мотивирани дејствија се „неприфатливи и штетни за целокупното работење на претпријатието и на штета на граѓаните, корисниците на јавниот превоз“.

-Јавноста и вработените треба да бидат информирани дека Управниот одбор на ЈСП Скопје на 19.04. 2022 год ги прифати барањата на Независниот синдикат со Одлука за линеарно зголемување на платите во износ од 2800,00 денари. Поради ова ги осудуваме ваквите дејствија и апелираме дека со политички мотивирани манипулации поттикнати од центри на политичка моќ нема да се допринесе кон развој и унапредување на статусот на вработените во ЈСП Скопје, туку, напротив ќе доведат до непоправлива штета која негативно ќе влијае врз работните процеси и статусот на вработените во претпријатието, како и за граѓаните воопшто, се вели во соопштението од ЈСП.

Вчера и скопската градоначалничка Данела Арсовска оцени дека веројатно се работи за политички мотивиран протест.

-Многу ми е жал. Тоа претпријатие е останато девастирано од претходното раководство. Тие не успеале да ги сервисираат ниту новите возила од 2019 година, а да не зборам за експонатите. Независниот синдикат не знам зошто покренува вакви активности, можеби и политички е мотивирано, бидејќи беше разговарано за скалесто зголемување во рамки на сите претпријатија. Тоа не е добро за нив како синдикат бидејќи го губат својот кредибилитет во процесот на преговарање, а го нарушуваат она што вработените го имаат, кажа Арсовска, на вчерашната прес-конференција.

Претходна вестЗавршува учебната година полна со импровизации, како ќе биде од септември?
Следна вестПендаровски ја претстави Рамката за развој МКД 2030: Економски раст, енергетика, дигитализација и образованието