ЈСП: В недела првите вклучувања на градските автобуси ќе бидат подоцна од вообичаеното

Јавното сообраќајно претпријатие информира дека во сабота (31.12.2022 год), возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по саботен возен ред, а во недела (1.01.2023 год) по неделен возен ред, при што првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред.

Во понеделник (02.01.2023 год) ќе се вози по неделен возен ред, со вообичаените термини на првите вклучувања на сите линии.

Од вторник (3.01.2023 год) јавниот превоз ќе сообраќа по редуциран делничен зимен ред, поради училиштниот зимски распуст.

Во сабота (31.12.2022 год), сите билетарници и центри за персонализација ќе работат до 17 часот, а на 1 и 2 јануари нема да работат.

Претходна вестГала оперски концерт по повод празникот Василица во НОБ
Следна вестМилион возила украдени во САД