„Господарот на танцот“, сценски танцов спектакл на кореографот Мајкл Флетли, утре, со почеток од 20 часот ќе настапи пред скопската публика во Спортскиот центар „Јане Сандански“, по повод 30 години од поставувањето.
Претставата е базирана на ирски танц и преку кореографија и музика раскажува сценска приказна инспирирана од келтската митологија, со мотиви на борба меѓу доброто и злото.
Во изведбата учествува бројна танцова трупа со синхронизирани кореографии и сценски ефекти, кои се клучен дел од визуелниот впечаток.
Од премиерата досега, спектаклот е изведен пред повеќе од 60 милиони гледачи ширум светот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:






