Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија со 67-62 ја совлада селекцијата на Швајцарија во контролен натпревар одигран во Гевгелија.
Избраниците на Горан Андреевски одлично го отворија мечот, по 10 минути игра водевме со 22-15, а на полувремето имавме дури 16 поени разлика, беше 38-22.
До крајот на мечот Швајцарија успеа само да го ублажи поразот, конечниот резултат беше 67-62 за нашите надежи.