Каде брзаат Македонците: Над 880 лица казнети за еден ден

Пребрзото возење и понатаму е најчест сообраќаен прекршок на улиците и патиштата низ Македонија. Само во текот на вчерашниот ден санкционирани се 881 лице за возење со брзина над дозволената.

-При спроведена акциска контрола  на територијата на Македонија во текот вчерашниот за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, изречени се 881 мерка. 70 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 484 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 397 надвор од населено место, се вели во соопштението од МВР

Полицијата уверува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Дали освен апелите треба и други дополнителни мерки – треба да одговорат раководните структури во МВР.

Претходна вестПариз е преплавен со ѓубре, на улиците се појавија и стаорци
Следна вест„Стоп за војната во Украина, Стоп за НАТО, масовни протести во Чешка