Каде брзаат „подивените“ возачи по скопските улици?

Голем дел од скопјани и во новата година влегоа со многу сообраќајна некултура. Имено, вчера на територијата на град Скопје полицијата изрекла вкупно 210 казни од кои 78 биле за управување со брзина поголема од дозволената.

Каде брзаат скопјани? Или брзото возење им прави задоволство иако е опасност и за самите нив и за многумина околу? Полицијата и не мора да ги прашува ваквите „подивени“ возачи, само нека им пишува казни почесто.

Исто така, изречени се 17 казни за нерегистрирани и технички неисправни возила, 10 за управување под дејство на алкохол, 12 за користење на мобилен телефон и 5 за поминување на затворен семафор (црвено светло).

Засилените сообраќајни контроли, според најавите од МВР, продолжуваат и во наредните денови и оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Претходна вестОблачно со повремени дождови, на планините снег
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Филипче да погледне кај соседите што значи план за вакцини