Да се изгради објект и да не се користи е многу чудно, нели? Зошто тогаш воопшто се градел?
Една таква градба е црквичката во близина на општинските бараки во Кисела Вода. Поминаа неколку години откако црквичката е направена, но не е ставена во употреба. Зошто е тоа така, од никаде нема објаснување.
Храмот почнува полека да пропаѓа. А сигурно бил замислен како оние сличните во општина Аеродром кои функционираат со години. Излегува дека црквичката треба да се помоли некаде за да биде отворена за молитвите на граѓаните или да се пресели во Аеродром за да заживее.
Општината, но пред се Македонската православна црква се на потег.