Каде е правдата, а каде немирот?

Колумна на Владимир Величковски:

Ова е време на тескоба и на големи несреќи, во земја која не знае за култура ниту за уметност, меѓутоа, се пракиткува омраза, насилства од секој вид и криминал, и тоа мошне бескрупулозно и отворено.

И врапчињата брзо и исплашено ќе колвнат некоја трошка и одлетуваат. Само во растурено општество со толку поткупливи луѓе може да вирее и Албанска врска. Текстописец, потпишан со претседател на МАНУ се приклучува на групата колумнисти кои не ги претставуваат работите на објективен и одговорен начин. Меѓу народот се уште се чувствуваат тешките последици од стравот и омразата, насилно наметнати токму во периодот пред 2016 година, како и од проектот Скопје 2014. Создадена е голема збрка и хаос во секоја област. Не се слушаат вистински аргументи „за“ и „против“ партиската арогантно исклучива, експериментална „голема реформа“ во образованието: недостасува темелно проучување на локалните услови и можности, како и конкретни предлози за создавање учебници и за проблемите со издавачите. Дигитализирањето најверојатно нема да донесе позитивни резултати. Книгата „Емил, или за воспитувањето“ содржи корисни предлози за развој на карактерот и моралните особини на ученикот (кои денес не се на цена), меѓутоа поттикнува на размислување и самостојно предлагање на идеи, што е современ пристап. Треба да се послушат (а тие не се слушаат) идеите на младите, а „глас на народот“ како да не постои. Што беше тоа патриотизам? Како на ученикот, или студентот да му се објасни зошто се потценети со толку лоши „монументи“ војводата Христо Узунов, како и Свети Климент Охридски, кој само што не се поместил на улицата, итн.

Ликовниот живот долго време е замрен, Сепак, од изложбата 70 и 80-тите години во македонската уметност (која има празнини, како што е незастапеноста  на групата „ЗЕРО“ итн. Би го издвоил платното на Ристо Калчевски кое содржи елементи на апстрактна калиграфија (како црните слики на Марк Ротко). Случајно здогледав одложен умивалник на бетон, естетски сосем „коректен“ реди-мејд.

Со задоволство го разгледав сценариото и цртежите на Петар Глигоровски за анимиран филм од 1979 година „Масата“ искреирани анонимни ликови (Кигхеринг создаде човече кое зрачи) го убива „Монструмот“ чија форма неверојатно потсетува  на Ковид –19, како и формата на сонцето. Станува збор за едно од клучните имиња на поранешната скопска школа на анимираниот филм.

Куќата на Есма Реџепова се уште стои запуштена, а таа е светско име. Што прави градот, по ова прашање? Што остана од паролата „Нема правда – нема мир“, каде е правдата, а каде немирот?

Претходна вестОблаците ќе го прекриваат небото, температура до 28 степени
Следна вестВечерва на скопскиот аеродром ќе пристигне Светиот благодатен оган