Каде се кандидатите од листите во кампањата, имаме прашања за нив?

Предизборната кампања влегува во финалето. Многу работи се кажаа иако голем дел од тоа воопшто и не ги интересираше скопјани. Повеќе имаше напади кон политичкиот противник отколку што се зборуваше за себе.

-Не дознав скоро ништо од тоа што сакав да го дознам за кандидатите во мојот реон. Од Аеродром сум и јас воопшто не знам кој е аеродромецот на листите на скоро сите партии за изборите. Секаде зборува само лидерот, а јас сакам да знам кој мене најдиректно ќе ме преставува. Се кријат ли или и онака тие нема да решаваат за ништо туку партиските лидери? Нив има што да ги прашаме. Затоа кампањата ми е непотполна, објасни аеродромката Ангела.

И навистина, што всушност граѓаните сакаат да слушнат и видат од партиите и кандидатите за пратеници на овие парламентарни избори?

И при почетоткот на кампањата и сега разговаравме со неколкумина скопјани за ова прашање и се добива идентичен заклучок  – кампањата не им е интересна и не им ги дала конктерните одговори. Велат дека е време партиите да го престават секој еден кандидат за пратеник, особено првите 6-7 од листата, за да се види каков е, што направил во животот… велат се изгореле досега со многу пратеници-превртливци…

 

Еве, по повторно објавуваме неколку конкретни прашања на скопјани на кои треба да се добијат одговорите при презентацијата на кандидатите за пратеници:

Што кандидатот работел до сега во животот, како заработувал?

Колку имот има и дали некогаш волонтирал за доброто на сите?

–Како ќе биде поблизок до избирачите отколку до својот партиски шеф?

Лично колку избирачи од својот реон знае?

Во колку партии претходно бил член?

Дали за него имало полициска истрага или бил дел од афери?

Има време ова да се одговори, но дали партиите и самите кандидати тоа и ќе го направат, ќе видиме.

Претходна вестБоки 13 преку писмо откри дека пријавил 40-на функционери од извршната власт и бизнисмени
Следна вестПоловина од 168 новоинфицирани се од Скопје, тројца починати од вирусот