Како што Пандев ги израдува нив, така пандевци го израдуваа Пандев

Пандевци денес го израдуваа својот спонзор и идол Горан Пандев со ново финале во Македонскиот Куп.
Фудбалерите на Академија Пандев се пласираа во големото финале од фудбалскито КУП на Македонија. Во рамките на полуфиналето од ова натпреварување, струмичани славеа со 3:1 во Скопје. Ферати и Радески беа стрелци на головите за пандевци кои по вторпат имаат шанса да играат за КУП титула.

Противникот на струмичани ќе се знае утре после мечот Струга ТЛ и Силекс, додека финалето од КУП натпреварвуањето е закажано во мај.

Фото: Академија Пандев

Претходна вестKK Работнички го совлада КК Куманово
Следна вестДали ако не се сопре гласањето на ДУП-овите за Железара, еко-катастрофата е на праг?