Како што побара, така и доби: Експрес – гласање доверба за Владата со 62 пратеници

Со 62 гласа „за“ Собранието попладнево изгласа доверба на Владата, што го побара лично премиерот Зоран Заев неколку часа претходно.

На гласањето беа присутни само пратениците од владејачкото мнозинство, така што немаше ниту еден глас против, ниту воздржан.

Пред гласањето Заев образложи зошто денеска побарал пратениците да се изјаснат дали имаат доверба во Владата.

-Шест месеци како ја добив честа да ја водам оваа Влада, шест месеци опозицијата вели ќе ја руши Владата и 3 – 4 месеци како најавува интерпелација за владата, за денеска да бидата тука присутни кога го отворам тоа прашање. Тоа е прашање на храброст и одговорност. Затоа дозволете да го поставиме тоа прашање, рече Заев.

За денешната постапка, тој рече дека во име на цела Влада и коалициските партнери ја презема одговорноста да се изјасни Собранието и да се гласа за доверба на Владата.

-Да се соочиме и да расчистиме, да го видиме на дело тоа мнозинство кое ќе ја руши оваа Влада и ќе им помогнеме на граѓаните да видат колку има вистина во зборот на опозицијата – стабилна власт со стабилно мнозинство или разнишана опозиција и неодговорна, рече Заев.

Тој ја обвини опозицјата дека користи лаги и дезинформации за да создава несигурност кај опозицијата.

Претходно , опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците му забележаа на премиерот што бара гласање на доверба на Влада без дебата.

Тие не присуствуваа на гласањето.

Претходна вестЗаев побара гласање доверба на Владата без дебата – за опозицијата тој нема храброст да чуе критики
Следна вестБританска мутација детектирана кај еден од двајцата што биле во Занзибар