Какви ли 3 желби ќе му исполни: Фатил златна рипка од 30 килограми

Сречкото Енди Хекет фатил златна рипка ама рипката била бајаги голема. Тежела 30 килограми.

Според старата бајка  „Сказна за рибарот и рипката“ на рускиот писател Александар Пушкин дека треба да се очекува таа да му исполни три желби.

Сепак, рибарот Хекет веќе му се исполнила една желба да фати голема риба, верувале или не, од 30 килограми. Оваа златна риба, која го добила името Морков поради нејзината портокалова боја, е една од најголемите во светот, пишува „Њујорк пост“.

Хекет ја уловил рибата во езерата Блувотер во францускиот регион Шампања. Рибата живеела во езерото речиси 20 години и оттогаш се покажала како многу тешка за ловење. Тој поминал 25 минути влечејќи ја.

Златните риби му припаѓаат на семејството крапови, но тие не достигнуваат толку голема големина. Рибата Морков е хибриден вид вкрстен со јапонскиот кој крап и се верува дека е втора најголема златна риба уловена некогаш.

– Отсекогаш знаев дека Морков е наоколу, но никогаш не мислев дека ќе ја фатам. Почувствував дека нешто големо ја фати мамката. Кога се појави на површината, видов портокалова боја. Супер е што ја фатив, но тоа беше чиста среќа, вели четириесет и двегодишниот Англичанец.

Хекет гордо позирал со рибата пред да ја врати назад во водата.

Претходна вестИзвлечени се паровите за Купот на Македонија во ракомет
Следна вестКовачки: Сметката за вода покажува дека хациендата со базен е сопственост на Петровска и на нејзиното семејство.