Какво време дојде ЕУ не притиска да ни даде „датум“

Пак почнаа бранови на странски дипломатски посети во Македонија. Особено функционери од ЕУ како и на нејзини земји членки наеднаш доаѓаат во Скопје. Со што ја заслуживме таа чест?

Вчера ни дојде на гости претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел. Бираше убави зборови кои треба да ги чујат македонските уши.

-Според мене Северна Македонија припаѓа во ЕУ, вашата иднина е со нас и заедно сме на почетокот на пробив, на започнувањето на преговорите. Одлуката за ова е кај Вас, тоа е ваш суверен избор, посочи тој.

Свесни сме, рече Мишел, за загриженоста на некои луѓе во врска со вашиот национален идентитет.

– Може да сметате на мојата целосна поддршка како претседател на Советот на Европа дека систематски ќе стојам зад вашите легитимни права, рече Мишел.

Како тој стои позади нашите легитимни права не беше баш објаснето, ама важно пораката дека ЕУ ни нуди да ја допреме нивната порта беше пренесена на сите фанфари.

Што ќе ни каже денеска германскиот специјален претставник за Западен Балкан Мануел Сарацин кој е најавено дека ќе престојува во официјална посета на Македонија?

Воопшто нема да биде чудно ако утре ни дојде нов емисар или можеби повеќе од нив. Какво време дојде ЕУ не притиска нас Македонците да ни даде „датум“, по многугодишните маткања од Брисел – те ќе добиете датум, те почекајте уште малку, те направете уште ова…

Но, сега се решителни – земајте ја понудата на Брисел за датум. Секако без да се многу многу нагласува дека за тоа мора да исполниме специјални услови.

Зошто наеднаш на Брисел му се брза? Толку многу ли им недостигаме во нивните редови?

Инаку, вакви дипломатски бранови Македонија виде и порано, се редеа странски лидери во Скопје кога требаше да се смени името, кога…

 

Претходна вестСончево и топло, попладне пороен дожд
Следна вестУбиено 22-годишно момче во тепачка меѓу две семејства во Струмица