Калин Ивановски не стаса до полуфиналето на јуниорскиот Вимблдон, загуби од Роденас

Пласман меѓуосум најдобри јуниори на Вимблдон остана најголем успех на младиот македонски тенисер Калин Ивановски откако денеска загуби четврфинален дуел против Шпанецот Педро Роденас. Ивановски загуби со 2:1 во сетови 6:3, 6:7 (5) и 4:6 во мечот кој траеше два часа.

Ивановски мечот го почна мошне добро при што го доби првиот сет. Во вториот сет имаше големи возбудувања бидејќи иако Роденас оствари висока предност од 5:1 Ивановски успеа да израмни на 5:5. Сетот се решаваше во тај-брејк во кој Ивановски ја пропушти позитивата што ја имаше па ривалот направи пресврт за 7:5 и за 1:1 во сетови. Во третиот сет Ивановски успеа само да израмни на 3:3 за да потоа ривалот биде подбар и го освои сетот.

За пласман во големото финале Шпанецот ќе игра против Хрватот Мили Пољичак кој со 2:1 го елиминираше Швајцарецот Килиан Фелдбош.

 

Претходна вестЏонсон поднесе оставка на чело на конзервативците, премиер ќе биде додека да се избере новиот лидер
Следна вестБик усмртил 82-годишен човек на сточниот пазар во Гостивар