Калин Ивановски се пласира во финалето на турнирот во Мадрид

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се пласира во финалето на ИТФ фјучерсот во Мадрид. Тој одигра одличен меч и по жестока борба го победи Сидан Понтјодкримо од Холандија со 2:1 во сетови во полуфиналната битка во Мадрид.

Калин Ивановски го доби првиот сет со 6:4 во гемови, но потоа падна и загуби со 1:6 во вториот тест.

Сепак, успеа повторно да го подигне нивото на својата игра и го доби третиот, решавачки, сет во 7:5 во гемови.

Во финалето, Калин Ивановски ќе се сретне со Британецот Марк Вајтхаус.

Претходна вестПриведен арачиновец поради закани кон вработени во интернет портал
Следна вестАвстралија ги намачи, но Аргентинците закажаа дуел со Холандија