Калин Ивановски со најдобар ранкинг на АТП-листата, рипна две места

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски се наоѓа на 475 место на АТП листата што е највисок ранг во неговата кариера. Тој оваа недела ја почнува со скок од две места на најновата АТП-листа.

Нашиот најдобар тенисер настапуваше на ИТФ-турнирот што се одржува во Поатје, Франција каде стигна до полуфиналето.

Инаку на врвот на АТП-листата оваа недела има промени, Новак Ѓоковиќ повеќе не е најдобриот тенисер во светот. Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го симна од првото место по освоениот Мастерс во Индијан Велс. Алкараз стана најдобар тенисер во светот, откако во финалето го совлада Данил Медведев. Добро е познато дека Новак Ѓоковиќ не доби дозвола да влезе во САД, бидејќи нема примено  Ковид-вакцина.

Претходна вестМалку градоначалниците градат во Скопје, а многу се караат кој градел
Следна вестУтре се замрзнува цената на јајцата и на оризот, за шеќерот и брашното ќе се чека да продолжи намалувањето